На онлајн дебатата која се одржа во рамки на Деновите на медиумската писменост, граѓанските организации кои работат на локално ниво дебатираа за факторите кои го попречуваат вклучувањето во јавната сфера на граѓаните со различни облици на попреченост. Поттик за дебатата беа наодите од најновото истражување што го спроведоа самите граѓански организации од Источниот и Југоисточниот регион, во соработка со Институтот РЕСИС.
И покрај тоа што има многу медиуми, медиумскиот систем во земјава не е плуралистички и инклузивен. Неразвиеноста на непрофитните медиуми и медиумите на заедниците, економската неодржливост на локалните комерцијални медиуми, слабото известување за локалните теми и прашања што ги засегнуваат граѓаните во локалните заедници и отсуството на оригинални и квалитетни содржини придонесува за недоволен пристап на најмалите јазични и други локални заедници до медиумите и медиумските содржини. Оваа состојба трае со години и за да се надмине неопходно е да се востанови посебен Фонд за поттикнување на плурализмот и разновидноста на медиумски содржини и професионалното и квалитетно новинарство.
На 5 октомври Институтот РЕСИС заедно со активисти од граѓанските организации од Источниот и Југоисточниот регион и професионални новинари, го одржа првиот состанок на уредништвото на онлајн медиумот на заедницата – ЛокалАктив.
Во Младинскиот центар на Кавадарци, беше претставена инцијативата на Институтот РЕСИС за формирање на онлајн медиум на заедницата - ЛокалАктив за Вардарскиот регион.
Институтот РЕСИС објавува повик за избор на експерт/група експерти кои ќе спроведат анализа на заштитата на правата од работен однос во релевантната легислативата на Република Северна Македонија.
РЕСИС ја изработи новата проценка на ризиците за медиумскиот плурализам во Северна Македонија, во рамки на проектот Media Pluralism Monitor 2023 (MPM2023), координиран од Центарот за медиумски плурализам и медиумски слободи од Фиренца.
На 25 април Институтот РЕСИС ја одржа онлајн дебатата за растечката важност на медиумите на заедницата во поттикнувањето на граѓанскиот ангажман во локалното владеење.
Активисти од група граѓански организации од Источниот и Југоисточниот регион, на работилница во Штип, на 4ти февруари, ја почнаа својата обука за производство на медиумски содржини за Медиумот на локалната заедница.
Студијата „Ставовите и перцепциите на новинарите за транспарентноста на судството: компаративна студија во три земји од Западен Балкан: Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија“ ги претставува наодите од регионалниот истражувачки проект спроведен меѓу новинари од три земји од Западен Балкан: Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија. Авторка на студијата е д-р Снежана Трпевска од Институтот за истражување на општествениот развој – РЕСИС.
Институтот РЕСИС го започна Мапирањето на комуникациските навики, знаења, потреби и интереси на ранливите групи граѓани во Источниот и Југоисточниот регион на РСМ. Мапирањето ги опфаќа граѓаните кои живеат со одреден степен на телесна попреченост, интелектуална попреченост или пак оштетување на видот и слухот, како ранливи категории граѓани чии комуникациски права се најзагрозени. Ова е прво Мапирање на комуникациските навики на ранливите граѓани во РСМ и ќе послужи како подлога за темелно истражување со кое ќе се проценат потребите и комуникациските навики на групите во локалната заедница.