ИСТРАЖУВАЧКИ ОБЛАСТИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Областа Инклузивно и кохезивно општество се фокусира врз истражување на односите,  комуникацијата и соработката меѓу различните идентитетски групи во општеството. Главната цел на оваа област е да понуди решенија за општествените проблеми што се базираат врз откривање на корените на предрасудите и стереотипиите за припадниците на различни општествени групи.

Кога комуникацијата и соработката меѓу групите се спречени или отежнати, постои можност да се јави конфликт, што во крајна линија има негативни последици врз вкупниот растеж и развој на сите групи во општеството. Начинот на кој различните групи живеат “заедно“ во општеството е една од главните истражувачки теми. 

Истражувачките резултати од оваа област може да се користат за развивање на програми за зајакнување на интер- групната кохезија или за менување на перцепциите кон припадниците на другите групи.

Родот во медиумите 2021: Родовите прашања и начинот на претставување на жените и мажите во спортската програма на националните терестријални телевизии

Институтот РЕСИС за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ја изработи Анализата „Родот во медиумите 2021: Родовите прашања и начинот на претставување на жените и мажите во спортската програма на националните терестријални телевизии“. Ова е прва анализа која дава квантитативен и квалитативен увид во тоа колку и на кој начин известуваат националните телевизии за спортистките и спортовите во женска конкуренција, наспроти спортистите и спортовите во машка конкуренција. Анализата беше објавена во Март 2022 година.
ЗА ПУБЛИКАЦИЈАТА

Родот во медиумите 2019: Анализа на родовите аспекти во програмата за деца на националните терестријални телевизии

Студијата на Институтот РЕСИС во која се анализираат родовите аспекти во детската програма на националните телевизии, е прво сеопфатно завлегување во родовите прашања во програмите за деца во Република Северна Македонија. Истражувањето, користејќи квалитативна и квантитативна стратегија, ги анализира конструираните општествените маркери за родот во детската програма. Студијата ѝ овозможува на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, да ги дизајнира идните медиумски политики во овој програмски домен.
ЗА ПУБЛИКАЦИЈАТА
ПОДДРШКА НА НВО
Повеќе
ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПУБЛИКАЦИИ
Повеќе