ИнфоРЕСИС го поддржа ЕЦНЛ во развивање на индексот ЦСО Метар за земјите од Источното партнерство
Во текот на Октомври и Ноември 2020 г., Институтот РЕСИС му даде методолошка поддршка на Европскиот Центар за Непрофитно Право - ECNL во проценката и споредувањето на состојбите на граѓанските организации во земјите од Источното партнерство.
ИнфоРЕСИС предлага повисоки стандарди во истражувањата на медиумската писменост
Институтот РЕСИС покрена иницијатива за унапредување на стандардите во истражувањата на медиумска писменост во нашата земја. На Мрежата за медиумска писменост, РЕСИС и предложи „Насоки за етика во истражувањата на медиумската писменост“, што членките на Мрежата ги усвоија во ноември 2020 година по спроведената јавна консултација.
ИнфоНаодите од Студијата за плурализмот на медиумската сопственост презентирани пред регулаторното тело, радиодифузерите и невладините организации
Наодите од Студијата на Институтот РЕСИС „Плурализам во медиумската сопственост во новото медиумско опкружување “ беа презентирани на онлајн работилница на која учествуваа претставници на регулаторното тело, радиодифузерите, операторите на јавни комуникациски мрежи и невладините организации од медиумската сфера.
РЕСИС е мултидисциплинарна истражувачка организација, чија основна цел е да го унапредува теоретското и практичното знаење за проблемите на општествената промена и анализа на јавните политики.