На 25 април Институтот РЕСИС ја одржа онлајн дебатата за растечката важност на медиумите на заедницата во поттикнувањето на граѓанскиот ангажман во локалното владеење.
Активисти од група граѓански организации од Источниот и Југоисточниот регион, на работилница во Штип, на 4ти февруари, ја почнаа својата обука за производство на медиумски содржини за Медиумот на локалната заедница.
Студијата „Ставовите и перцепциите на новинарите за транспарентноста на судството: компаративна студија во три земји од Западен Балкан: Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија“ ги претставува наодите од регионалниот истражувачки проект спроведен меѓу новинари од три земји од Западен Балкан: Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија. Авторка на студијата е д-р Снежана Трпевска од Институтот за истражување на општествениот развој – РЕСИС.
Институтот РЕСИС го започна Мапирањето на комуникациските навики, знаења, потреби и интереси на ранливите групи граѓани во Источниот и Југоисточниот регион на РСМ. Мапирањето ги опфаќа граѓаните кои живеат со одреден степен на телесна попреченост, интелектуална попреченост или пак оштетување на видот и слухот, како ранливи категории граѓани чии комуникациски права се најзагрозени. Ова е прво Мапирање на комуникациските навики на ранливите граѓани во РСМ и ќе послужи како подлога за темелно истражување со кое ќе се проценат потребите и комуникациските навики на групите во локалната заедница.
На 30-ти септември Институтот РЕСИС и Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип одржаа состанок со граѓански организации кои ги застапуваат правата на ранливите категории граѓани од Југоисточниот регион, по повод формирање на новата медиумска платформа на заедницата #LocalActive, дел од проектот LocalActiveMedia.
На 15-ти Септември Институтот РЕСИС и Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип одржаа состанок со граѓанските организации од Источниот регион, дел од Мрежата од совети на публики, по повод формирање на новата медиумска платформа на заедницата #LocalActive, дел од проектот LocalActiveMedia.
Институтот РЕСИС заедно со Фондацијата за развој на локалната заедница - Штип ја продолжуваат соработката остварена во рамки на формирањето на Мрежата од совети на публики (МСП) со новиот проект за креирање на платформата #LocalActive, дел од проектот LocalActiveMedia.
Објавена е нова проценка на ризиците за медиумскиот плурализам во Северна Македонија, што РЕСИС ја спроведе во рамки на проектот Media Pluralism Monitor 2022 (MPM2022), координиран од Центарот за медиумски плурализам и медиумски слободи од Фиренца. Проценката која се однесува на 2021 година го заклучува следното: реформскиот замор, клиентелистичките притисоци од политичкиот домен кон медиумите (и обратно) и внатрешните партиско-политички конфронтации, заедно со структурните притисоци кои не се ексклузивни само за земјава - како што се дезинформациите и мисинформациите во јавната сфера, засилени од здравствените предизвици поврзани со КОВИД 19, сето ова влијаеше врз оценката дека на медиумскиот систем во оваа земја му треба нов поттик за конструктивни промени.
Институтот РЕСИС за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ја изработи Анализата „Родот во медиумите 2021: Родовите прашања и начинот на претставување на жените и мажите во спортската програма на националните терестријални телевизии“. Ова е прва анализа која дава квантитативен и квалитативен увид во тоа колку и на кој начин известуваат националните телевизии за спортистките и спортовите во женска конкуренција, наспроти спортистите и спортовите во машка конкуренција.
РЕСИС објави нова анализа во која се детектираат сè уште присутните структурни пречки за развој на слободата на медиумите во Северна Македонија: пазарот е фрагментиран, повеќето медиуми се финансиски слаби и неодржливи, работниот статус на новинарите е сè уште несигурен и нестабилен, јавниот радиодифузер нема финансиска стабилност, автономија и независност, а пристапот на локалните заедници и ранливите групи до јавната сфера е загрозен. Дополнително, бидејќи социјалните мрежи се главен извор на информации за поголемиот дел од населението, особено за помладите, луѓето се во голема мера изложени на дезинформации и говор на омраза.