ВЕСТИ И НАСТАНИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

На 25 април Институтот РЕСИС ја одржа онлајн дебатата за растечката важност на медиумите на заедницата во поттикнувањето на граѓанскиот ангажман во локалното владеење.

Screenshot 2023 04 25 LokalAktiv

На дебатата, беше аргументирано дека стратегиското поттикнување на непрофитниот медиумски сектор, особено доменот на медиумите на заедницата во онлајн сферата, може да значително да влијае врз јакнењето на локалната плуралистичка демократија.

Медиумите на заедницата, се клучен елемент во притисокот за демократизација и владеење на правото бидејќи на локални и маргинализирани, а теми важни за локалните заедници им дава јавно значење.

Стратегиското развивање на секторот на медиумите на заедницата има потенцијал да ја зајакне моќта на локалните заедници со тоа што ќе ги децентрализира организациите кои на квалитетен начин можат да креираат медиумски содржини, ќе ги отвори маргинализираните теми кои се исчезнати од јавната сфера и поради тоа ја загубиле политичката релевантност, ќе им отвори на локалните новинари и граѓански организации поле за професионална соработка и можности за вработување и конечно, ќе култивира партиципативни локални заедници.

РЕСИС, кој неколку години соработува со локални организации низ осумте плански региони во државата, преку јакнењето на Мрежата на совети од публики, го промовираше и пилот медиумот на заедницата Локал Актив активен во источниот и југоисточниот регион на Македонија, кој со поддршка на National Endowment for Democracy (NED), за шест месечно постоење, веќе дава резултати создавајќи нова енергија кај граѓанскиот сектор во овие локални заедници.   

На настанот на РЕСИС во оваа насока зборуваа повеќе претставници на релевантни институции, само-регулаторни тела и граѓански организации, членки на Мрежата од совети на Публики.

Снежана Трпевска, претседателка на Институтот РЕСИС и Борис Шарковски, претседател на ФРЛЗ – Штип зборуваа за целите на иницијативата за формирање онлајн медиум на локалните заедници на Источниот и Југоисточниот регион и ја објаснија важноста на медиумот на заедницата како алката која ги поврзува дејствувањето на граѓанскиот сектор со релевантните институции и групи.

За важноста на непрофитниот сектор во медиумскиот плурализам, како и положбата на непрофитните онлајн медиуми зборуваше Зоран Трајковски, претседател на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни уметности, кој исто така подвлече дека Агенцијата последнава деценија активно работи за да се создадат услови за развој на овој важен медиумски сектор.

Игор Мицевски од Институтот РЕСИС ја презентираше онлајн платформата на медиумот на заедницата ЛокалАктив и функцијата на тој медиум за воспоставување на систем на соработка меѓу новинарските структури и граѓанските организации и нивните конституенти на локално ниво, кој треба да води кон воспоставување на плурализирани јавни сфери во локалните заедници што кои пак би добивале политичка релевантност создавајќи притисок за институционална транспарентност и демократизација.

Зоран Биковски, активист на граѓанската организација КХАМ, ја презентираше сторијата, која беше изработена од него, за еколошки проблем во пехчевското село Црник. Иако локален проблем тој има универзално значење - Биковски објасни дека при изработката на сторијата биле вклучени и граѓани од селото кои се засегнати од проблемот, локалните власти и надлежните институции. По објавувањето на сторијата, истакна тој, имаше значаен напредок во комуникацијата меѓу граѓаните и институциите и направен е чекор кон решавање на проблемот.

Весна Коловска и Ване Трајков, новинарите - ментори на граѓанските активисти го објаснија процесот на соработка и креирањето на сториите, како и важноста на темите кои се обработуваат кои помагаат во лобирањето на граѓанските организации и во понатамошното креирање на локалните политики. Но тие исто така зборуваа за сложеностите кои се појавуваат при ваквиот колаборативен начин на креирање содржини.

Видеото од целиот настан е достапно онлајн и можете да го погледнете на следниот ЛИНК

ПОДДРШКА НА НВО
Повеќе
ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПУБЛИКАЦИИ
Повеќе