МРЕЖА ОД СОВЕТИ НА ПУБЛИКИ
Поддржано од Програмата ЦИВИКА Мобилитас

Институтот РЕСИС, со поддршка на програмата ЦИВИКА Мобилитас, работи на воспоставување Мрежа од совети на публики, во осумте региони низ земјава, составени од претставници на ГО кои работат на остварување на правата на различни ранливи групи.
Целта на оваа Мрежа е низ координирано заедничко дејствување граѓанските организации да извршат поголемо влијание врз медиумите и медиумските политики со цел да се направи квалитетен исчекор во поглед начинот на кој во медиумската сфера се остваруваат правата на ранливите групи.

АКТИВНОСТИ

Повеќе

ЕДУКАТИВНИ РЕСУРСИ

Повеќе

ВЕСТИ

Повеќе

ЈУГОЗАПАДЕН РЕГИОН

Инклузија – Здружение за мултикултурна интеграција
Здружението на граѓани „Инклузија“ е формирано од млади интелектуалци од различни етнички заедници и се залага за заштита на човековите права, интеграција и недискриминација на припадниците на различни етнички заедници. Ова здружение активно работи на развивање на граѓанскиот активизам, мултикултурализмот и нуди неформална едукација на младите лица од различните етнички заедници за поголема социјална вклученост.
Здружение - Опција Охрид
Здружението „Опција Охрид“ се залага за правата на корисниците на дрога, сексуалните работници и други ранливи групи. Здружението се занимава со унапредување на здравјето и подобрување на социоекономската состојба на овие маргинализирани групи со подобрување на нивниот пристап до сервиси и услуги, едукација и подигнување на свеста на јавноста за нивните права и потреби.
Мобилност – Охрид
Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет - МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА е национална инвалидска организација на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, која ги застапува интересите на лицата со телесен инвалидитет во комуникација со државните органи во Република Северна Македонија. МОБИЛНОСТ активно се занимава со застапување на правата за подобар живот на лицата и семејствата на лицата со телесен инвалидитет од социоекономски аспект, како и со нивна вклученост при креирањето политики кои се однесуваат на нив, интеграција во општествениот живот и недискриминација.
Порака Нова
Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“ во Струга работи на промоција на човековите права на лицата со интелектуална попреченост, нивно интегрирање во општествениот живот и обезбедување на потребните ресурси за нивна поддршка. Овој центар се залага за подобрување на секојдневниот живот на лицата со интелектуална попреченост преку недискриминација и постигнување на автономија при користење на услуги.

ВАРДАРСКИ РЕГИОН

Мобилност – Св. Николе
Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет - МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА е национална инвалидска организација на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, која ги застапува интересите на лицата со телесен инвалидитет во комуникација со државните органи во Република Северна Македонија. МОБИЛНОСТ активно се занимава со застапување на правата за подобар живот на лицата и семејствата на лицата со телесен инвалидитет од социоекономски аспект, како и со нивна вклученост при креирањето политики кои се однесуваат на нив, интеграција во општествениот живот и недискриминација.
Граѓанска иницијатива на жени - ГИЖ Свети Николе
Здружението „ГИЖ“ се залага за промоција на правата на жените, подобрување на нивната социоекономска позиција, како и градење на поправедно општество за жените и мажите. Ова здружение, преку утврдување на проблемите кои жените се соочуваат на локално ниво, придонесува при креирањето на предлози и одлуки од родов аспект во сите локални институции.
Здружение за едукација советување и грижа на лица со дијабетес Т1Д
Здружението за едукација советување и грижа на лица со дијабетес Т1Д е непрофитна организација која се работи на подобро информирање и застапување на правата за подобар живот на лицата со дијабетес во Република Северна Македонија. Здружението е оформено за да се споделуваат совети за подобрување на секојдневието на лицата кои живеат со дијабетес, како и подобрување на здравстените услуги кои тие ги добиваат.
Мобилност – Велес
Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет - МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА е национална инвалидска организација на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, која ги застапува интересите на лицата со телесен инвалидитет во комуникација со државните органи во Република Северна Македонија. МОБИЛНОСТ активно се занимава со застапување на правата за подобар живот на лицата и семејствата на лицата со телесен инвалидитет од социоекономски аспект, како и со нивна вклученост при креирањето политики кои се однесуваат на нив, интеграција во општествениот живот и недискриминација.
Мобилност – Кавадарци
Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет - МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА е национална инвалидска организација на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, која ги застапува интересите на лицата со телесен инвалидитет во комуникација со државните органи во Република Северна Македонија. МОБИЛНОСТ активно се занимава со застапување на правата за подобар живот на лицата и семејствата на лицата со телесен инвалидитет од социоекономски аспект, како и со нивна вклученост при креирањето политики кои се однесуваат на нив, интеграција во општествениот живот и недискриминација.
Совет за превентива против малолетничка деликвенција - СППМД
Невладина организација во која доброволно членуваат граѓани со цел да се воспостави систем за правда за децата и превенција на детското престапништво. Здружението се залага за заштита на правата на децата со цел да се придонесе кон нивната благосостојба, недискриминација и заштита. Тоа значи правично судење,залагање за реформи или почитување на законите и ратификуваните меѓународни договори и зголемување на јавната свест за да се придонесе кон зајакнување на довербата на граѓаните во институциите на системот.

ЈУГОИСТОЧЕН РЕГИОН

Организација на жени – Струмица
Грѓанска организација која се залага за заштита на правата на жените и нивно интегрирање во општествениот живот. Организацијата на жени – Струмица е посветена на активно вклучување на жените во локалната инфраструктура, едукација за нивните права и како да се заштитат од родово базирана дискриминација како и нивна заштита од сите видови на насилство.
Избор Струмица
Здружението Избор работи на советување, лекување, ресоцијализација и реинтеграција на лица кои се зависници од дрога и сексуални работници. Оваа организација има повеќе активни програми преку кои овие ранливи категории на граѓани можат да ги остварат своите права за подобрување на секојдневниот општествен живот. Тие нудат програми за превенција од употреба на дрога, едукација, намалување на штети, програма за третман и лекување, бесплатна правна помош како и програма за рехабилитација и ресоцијализација.
ЦПЛИП - Порака Струмица
Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост ПОРАКА – Струмица е непрофитна организација која ги застапува правата и интересите на лицата со интелектуална попреченост. Таа е локална организација која активно работи на интегрирање и заштита на правата на лицата со интелектуална попреченост, како и можност за едукација и помош на родителите и старателите на тие лица преку активности кои се организираат во центарот.
Мобилност – Струмица
Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет - МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА е национална инвалидска организација на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, која ги застапува интересите на лицата со телесен инвалидитет во комуникација со државните органи во Република Северна Македонија. МОБИЛНОСТ активно се занимава со застапување на правата за подобар живот на лицата и семејствата на лицата со телесен инвалидитет од социоекономски аспект, како и со нивна вклученост при креирањето политики кои се однесуваат на нив, интеграција во општествениот живот и недискриминација.
Здружение на глуви и наглуви – Струмица
Здружението на глуви и наглуви – Струмица е оформено со цел да се организираат заштитат личните интереси и права на оваа ранлива група преку заеднички активности, организирани настани и социјализијализација. Ова здружение се залага за недискриминација, автономност и вклучување на глувите и наглувите лица во сите сфери на општествениот живот преку нудење на еднакви можности, поголема пристапност и едукација.
Женска акција – Радовиш
Женска акција - Радовиш е асоцијација за унапредување на статусот на жените со различна етничка припадност во современите општествени процеси во Република Северна Македонија. Целта на оваа асоцијација е да има организиран пристап и да работи на постојана општествена активност на жените во Радовиш и пошироко преку застапеност на жената во јавниот и политичкиот живот во РСМ. Оваа асоцијација нуди програми за заштита од насилство, економско јакнење на жената и унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје на жената преку кои ги остварува своите цели.
Свесност - Здружение на дијабетичари – Радовиш
СЗДСМ е граѓанска организација чија цел е подобрување на квалитетот на животот на лицата со дијабетес преку залагање за поквалитетни здравствени услуги, едукација на семејствата на лицата кои боледуваат од дијабетес и подигање на свеста кај граѓаните за дијабетесот. Оваа организација ги застапува интересите на здруженијата на лицата со дијабетес и влијае врз подобрување на легислативата, здравствените и општествено-социјалните стандарди на истите, како и за еднаков третман на лицата со дијабетес во РСМ.
Мобилност – Радовиш
Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет - МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА е национална инвалидска организација на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, која ги застапува интересите на лицата со телесен инвалидитет во комуникација со државните органи во Република Северна Македонија. МОБИЛНОСТ активно се занимава со застапување на правата за подобар живот на лицата и семејствата на лицата со телесен инвалидитет од социоекономски аспект, како и со нивна вклученост при креирањето политики кои се однесуваат на нив, интеграција во општествениот живот и недискриминација.
ОЖ Женско лоби - Демир Капија
ОЖ Женско лоби е асоцијација на жени од Демир Капија чии цели се еманципирање и интегрирање на жените во социо-економските процеси во општеството, застапување на еднакви родови права и можности и развивање на свест за коегзистенција во мултиетничко општество. Оваа организација исто така активно работи на заштита на жртви од семејно насилство преку покревање на иницијатива за отварање на локален дневен центар и едукација на младите за семејно насилство преку организирање работилници и други активности.
Поддршка
Здружението на граѓани „Поддршка“ се занимава со промовирање на позитивни вредности на младите како ранлива група. Во ова здружение членуваат психолози кои активно работат и нудат поддршка за справување со асоцијалното однесување кај младите и нивна заштита од дрога, насилство и трговија со луѓе.

СКОПСКИ РЕГИОН

Гласни раце – Скопје
Гласни раце е асоцијација на сертифицирани толкувачи на македонски знаковен јазик чија цел е да се едуцира јавноста за потребата од знаковното толкување и да се прошири сферата на нивното функционирање со што ќе се овозможи поголема пристапност до информации на глувите и наглувите лица. Оваа асоцијација одржува обуки за толкувачи, адаптира разни содржини на знаковен јазик, а со тоа придонесува во интеграцијата на оваа ранлива група граѓани во општествената сфера.
ЗГ Љубезност - Скопје
Здружението на граѓани „Љубезност“ е организација која работи на помагање на бездомници, социјално загрозени семејства и поедници преку волонтерски акции и имплементација на проекти за доброволно помагање. Воглавно акциите и активностите кои тие ги имплементираат се обозбедување на топол оброк за бездомните лица, материјална поддршка на самохрани родители, поддршка при вработување и распределување на донации дадени од страна на граѓани и компании низ територијата на цела Република Северна Македонија.
Здружение за заштита на правата на детето
Здружението за заштита на правата на детето е невладина и непрофитна организација кое се залага за детските права на територија на цела Република Северна Македонија. Тие ги спроведуваат своите активности преку креирање на кампањи, организирање семинари, симпозиуми и иницирање проекти од областа на социјалната заштита на правата на децата, малолетничката деликвенција итн. Оваа организација учествува со свои предлози и сугестии при донесувањето на измени и дополнувања на Законот за социјална заштита и Законот за семејство во делот на семејно насилство.
ХОПС
Healthy options project Skopje е организација која се залага за почитување на човековите права на зависниците од дрога и сексуалните работници. Целта на оваа организација е да се подобри третманот кон овие ранливи категорија на граѓани и да им се овозможи социјална, здравствена и економска заштита како и нивна рехабилитација и ресоцијализација. Преку еднаков пристап до сервиси и услуги, зајакнување на заедницата, подигнување на капацитетите и принцип на намалување на штети, ХОПС го промовира правото на достоинствен третман на корисниците на дрога и сексуалните работници и нивно вклучување при градењето на политики и донесување одлуки.
ХЕРА
ХЕРА - Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување е здружение кое е оформено за едукација, промовирање на правото на достоинствен третман и интегрирање на луѓето кои боледуваат од ХИВ и СИДА во секојдневното општество. Хера исто така се занимава со унапредување на сексуалните и репродуктивните права и е членка во Меѓународната федерација за планирано родителство (МФПР). Во своето долгогодишно постоење ова здружение е едно од најактивните здруженија кои се залагаат за родова рамноправност, правата на ЛГБТ заедницата како и на заштита на деца и млади кои се подложни на ризик.

СЕВЕРОИСТОЧЕН РЕГИОН

Инклузива
Здружението за промоција и развој на инклузивното општество – Инклузива работи на создавање на услови за инклузивно општество преку активности и проекти со кои се промовираат правата на лицата со попреченост и други ранливи групи. Ова здружение работи на доброволна база и е формирано од граѓани кои своеволно сакаат да придонесат кон создавање на нови и подобри политики за постигнување еднаков третман кон луѓето со попреченост, зајакнување на мултиентичките односи и подобрување на економскиот статус на ранливите групи. Инклузива функционира на локално и национално ниво како здружение кое се залага за недискриминација и нуди социјална, правна и здравствена заштита на лицата со попреченост и останати ранливи групи.
Ромска Организација На Жените Од Македонија – ДАЈА
Ромската организација на жените од Македонија “ДАЈА” е невладина и непрофитна женска Ромска организација која има за цел да обезбеди помош на Ромската популација во повеќе полиња како: вклучување на жените Ромки во образовниот процес, спречување на малолетни бракови, интегрирање на жените Ромки во јавниот и општествениот живот преку подобрување на нивните можност и јакнење на свеста за нивните права, особено преку делување за промена на традиционалните начела во Ромската заедница. Оваа организација постои подолг период и своите проекти ги темели на официјални државни информации за состојбата на Ромите во Република Северна Македонија, но и сопствени истражувања од областа на образованието, здравството, економијата, родовата еднаквост итн.
ДРОМ
ДРОМ е здружение на Роми кое се залага интеграција на Ромите во општествениот живот во Република Северна Македонија со промовирање на нивните права како малцинство и ранлива група. Ова здружение е организирано со цел да се промовираат правата на Ромите за подобрување на можностите за образование и социјална помош, потребата од нивна инклузија во градењето на демократска атмосфера во земјава, пред се’ при градењето на политики кои влијаат на Ромите како етничка група.
САДАКАЈА
Садакаја е асоцијација која нуди дефектолошки, логопедски и психолошки услуги на децата без родители кои имаат потешкотии при учењето. Оваа асоцијација е основана како невладино хуманитарно здружение кое работи на принцип на донации од ЕУ земји како и локални донатори. Главната цел на оваа асоцијација е интеграција на лицата со попреченост во општествениот и социјалниот живот на Република Северна Македонија, а тоа го постигнува преку едукација и заштита на правата на лицата од оваа ранлива група.
Здружение на слепи лица – Куманово
Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е национална, невладина, непартиска и непрофитна организација која работи на создавање на подобри услови за живот и работа на слепите лица во Република Северна Македонија. Овој сојуз се состои од 18 здруженија низ целата територија на земјата кои се посветени да ги подобрат можностите за интеграција и социјализација на слепите лица во засебните локални заедници.
Хуманитарно Здружение Мајка
Здружението „Мајка“ е оформено за да ги промовира правата на жените, децата и младите лица во Република Северна Македонија и става посебен акцент на потребата за забрана на дискриминација по родова основа. Ова хуманитарно здружение има за цел да работи на интегрирање на жените во јавните сфери и во секојдневниот општествен живот, а организира и акции за заштита на жртвите на семејно насилство.
ДОВЕРБА
Доверба е активно здружение на граѓани кое организира обуки, семинари, работилници, јавни трибини за јакнење на физичко, емоционалното и менталното здравје. Ова здружение работи со млади лица и со лица од различна етничка припадност, како и со граѓани од социјално загрозени категории.
Норгес Вел
Норгес Вел е независна, невладина организација основана како сестринска организација на „Кралското Норвешко општество за развој“. Оваа организација придонесува кон локалната заедница преку демократски и социјално одговорни акции како неформална едукација, создавање на локални одржливи бизнис заедници кои даваат придонес кон локалната заедница.
Центар за младински иницијативи Цик-Цак
Центарот за младински иницијативи Цик-Цак е непрофитна/невладина организација која дејствува на локално ниво на територијата на општина Крива Паланка. Оваа организација работи со младите како целна група, на јакнење на капацитетите и унапредување на општествените позиции на младите луѓе.

ПЕЛАГОНИСКИ РЕГИОН

Коалиција на Младински Организации - СЕГА
Коалицијата на Младински Организации - СЕГА е национална платформа на младински организации кои лобираат за промени на легислативите, го поддржуваат младинскиот активизам, обезбедуваат пристап до информации и овозможуваат партиципација на младите луѓе во активности за изнаоѓање решенија на проблемите со кои се соочуваат. Во оваа Коалиција учествуваат 15-тина организации кои имаат за цел младите луѓе да влијаат врз градењето на политиките и развојот во земјата со преземање на иницијативи на локално и национално ниво.
Together Macedonia
Организацијата „Together Macedonia“ е основана за да се остварат потребите на младите луѓе за подобра едукација за професионален развој и нивна подобра интеграција во социјалниот, културниот и граѓанскиот живот. Оваа организација работи на принципот на промовирање на толеранција, диверзитет, недискриминација и соработка во мултиетничкото општество. Тие нудат неформално образование и можност за активно вклучување на младите луѓе во нивните локални заедници, како и работилници и можност за младинска размена.
Здружение ЕСЕ
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ е граѓанска организација која активно работи на подобрување и имплементацијата на социјалните и економски права на ранливите групи на граѓани. Во главен фокус на оваа организација е унапредување на здравствената заштита на жените, унапредување на системот на заштита на жртвите на домашно насилство, унапредување на правата на маргинализираните групи и жените од руралните средини.
Живот со предизвици
Здружението „Живот со предизвици“ е оформено со цел да се развие општествената свест за луѓето и семејствата на луѓето кои боледуваат од ретки болести. Ова здружение работи на унапредување на правото на здравствена заштита на лицата кои боледуваат од ретки болести, обезбедување на подобар живот и пристап кон третмани за овие лица.
Баирска Светлина –Битола
Центарот за Развој на Ромската Заедница „Баирска Светлина“ – Битола е организација формирана со цел да ги застапува правата на ромската заедница во Република Северна Македонија. Нивните цели се подигнување на јавната свест за правата на Ромите како ранлива група и нивна инклузија во секојдневниот општествен живот, поддршка за нивна едукација и интегрирање при креирањето на политики кои се однесуваат на оваа заедница.
ИМКА – Битола
ИМКА – Битола е непрофитна, невладина, младинска организација која цели да обезбеди можности за локалната младина преку нивно активно вклучување при креирањето на локаните политики и обезбедување на вештини и знаења преку нивно неформално едуцирање, промоција на младински активизам, волонтерство и позитивни вредности. Главни начела на оваа организација се недискриминација, толеранција, инклузија и соработка на млади луѓе од различна етничка припадност. Организацијата ИМКА има две седишта, во Битола и Скопје, а активно учествуваат и поттинкуваат проекти на целата територија на Република Северна Македонија.
Ромска Солза – Прилеп
Асоцијацијата за Неформална Едукација на Ромите – „Ромска Солза“ од Прилеп е основана со цел да се интегрираат Ромите во секојдневниот општествен живот и да се заштитат нивните основни човекови права со промоција на потребата од подобра едукација, здравствена и социјална заштита.
РОМА С.О.С.
РОМА С.О.С. е волонтерско, граѓанско здружение кое е основано со цел да се промовираат правата и потребите на Ромите како маргинализирана група. Ова здружение ги застапува правата на ромската заедница пред релевантните институции, за потребата од нивно интегрирање преку промовирање на идејата за креирање на еднакви можности и активно вклучување на Ромите во општествените процеси.

ПОЛОШКИ РЕГИОН

ЛГБТ Јунајтед Тетово
ЛГБТ Јунајтед Тетово е невладина, непрофитна и мултиетничка организација работи на промоција на човековите права на лицата од ЛГБТ заедницата. Целта на оваа организација е недискриминација на лицата според нивната сексуална определба и родов идентитет, загарантираност за нивна здравствена, социјална и правна заштита. ЛГБТ Јунајтед Тетово работи на постигнување рамоправност и толеранција, заштита на човековите права и слобода на правото на изразување.
Женски форум – Тетово
Женски Форум- Тетово е невладино, непфоритно, хуманитарно здружение во кое активно се вклучени 40-тина членови кои работат на организирање разни акции и семинари за неформална едукација на жените и децата од овој регион. Нивната цел е подигнување на свеста на жените кои живеат во руралните средини и нивно еманципирање, како и подобрување на нивниот општествен статус. Оваа организација работи на зајакнување на улогите на жените во општествениот живот, за нивна интеграција и рамноправност.
Среќен Живот - Тетово
Среќен Живот – Тетово е невладина и непрофитна организација која е составена од членови кои се психолози, педагози, социјални работници, професори, економисти, но и студенти кои активно работат на проекти во сферата на образованието. Нивната основна цел е успешно промовирање на методологии и начини на работа со деца со посебни потреби. Тие се мултиетничка организација која функционира на територијата на цела Република Северна Македонија.
Иницијатива за граѓански интеграции - ИГИ
Иницијативата за граѓански интеграции - ИГИ е невладина организација која активно работи на спроведување активности и кампањи за зголемување на свеста за родовото базирано насилство. Оваа организација исто така организира обуки кои за неформална едукација на млади и активности за заштита на животната средина.
Центар за Женски Права - Етика
Етика е мултиетничка организација која ги застапува правата на жените во Гостивар и Полошкиот регион. Тие активно работат за подобрување на положбата на жените на локално ниво и се залагаат за постигнување на родова рамноправност, интеграција на жените од сите етнички групи во општествениот живот и едукација на младите и инклузија.
ЦЕД - Центар за едукација и развиток
Центарот за едукација и развиток – CED е организација која нуди неформално образование, можности за волотерство и учество во разни проекти на младите луѓе кои преку соработка и преземање иницијатива придонесуваат кон подобрување на развојот на локалната заедница. Тие организираат акции и активности кои вклучуваат наставници, родители, претставници на институции и други организации. Целта е преку алатките кои се добиваат од ова неформално образование, младите луѓе успешно да се интегрираат и да учествуваат во градењето на своите капацитети и креирањето на нови политики.
Месечина – Гостивар
Месечина – хуманитарно и добротворно здружение на Ромите е организација која има за цел да им обезбеди пристап на Ромите, како ранлива група, до образование, да ја подигне свесноста за постигнување на еднаквост на Ромската заедница и да работи на интеграција на Ромите во секојдневниот општествен живот. Тие активно работат на постигнување на своите цели на локално ниво.

ИСТОЧЕН РЕГИОН

Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип
Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип е непрофитна и невладина организација чија цел е да ги вклучи граѓаните во креирањето на јавни политики кои ќе влијаат на благосостојбата и подобрување на квалитетот на животот во локалната заедница. Тие се организација која работи на зајакнување на граѓанскиот сектор и поттикнување на децентрализација, како и создавање на услови за економски развој на заедниците.
Здружение На Ромите Черења - Штип
Здужението на Ромите Черења се залага за унапредување на статусот на Ромите во Република Северна Македонија. Целта на ова здружение е преку едуцирање и охрабрување на жените Ромки да говорат за семејното насилство, да се работи на превенција на истото. Здружението е активно вклучено во акции кои влијаат на подигнување на свеста на општествената заедница за семејното насилство врз жените Ромки, како едукативни работилници, спроведување на кампањи и форуми.
НВО КХАМ - Делчево
Здружението на граѓани НВО КХАМ - Делчево е невладина, непрофитабилна организација составена од група граѓани чија основна цел е подобрување на образовните потреби и социо-економските улови на маргинализираните групи во Источниот регион. Оваа организација организира настани и активности преку кои едуцира и информира за правата на ромите и другите ранливи групи.
Еднакви за сите – Кочани
Здружението „Еднакви за сите“ од Кочани функционира на волонтерска основа, по принцип на донаторски акции и теренско работење со цел да се заштитат старите и изнемоштени лица како засебна ранлива група. Тие организираат хуманитарни акции за собирање средства и материјали за помош на социо-економски загрозените луѓе во Источниот регион.
Здружение – ИНИ – Виница
Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци – ИНИ е организација која работи на спроведување на програми од областа на образованието, одржливост, здравјето, економијата и доброто владеење со цел да се подобри животот на локалната заедница. Тие организираат обуки за странски јазици, за користење на компјутери, за ПЕЕР одукатори и спроведуваат акциски планови за заштита на локалната животна средина како и подобрување на здравството во източниот регион.
Мобилност - Кочани
Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет - МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА е национална инвалидска организација на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, која ги застапува интересите на лицата со телесен инвалидитет во комуникација со државните органи во Република Северна Македонија. МОБИЛНОСТ активно се занимава со застапување на правата за подобар живот на лицата и семејствата на лицата со телесен инвалидитет од социоекономски аспект, како и со нивна вклученост при креирањето политики кои се однесуваат на нив, интеграција во општествениот живот и недискриминација.
Младински Клуб
Младинскиот Клуб е граѓанска организација во Штип која работи на едукација, информирање и ангажирање на децата и младите лица. Оваа организација спроведува активности и работилници кои им нудат активно вклучување и интегрирање на младите лица во локалната заедница.

ПОДДРШКА

НВО Повеќе
ИНСТИТУЦИИ Повеќе

ИСТРАЖУВАЊА

ПРОЕКТИ Повеќе
ПУБЛИКАЦИИ Повеќе