ВЕСТИ И НАСТАНИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

И покрај тоа што има многу медиуми, медиумскиот систем во земјава не е плуралистички и инклузивен. Неразвиеноста на непрофитните медиуми и медиумите на заедниците, економската неодржливост на локалните комерцијални медиуми, слабото известување за локалните теми и прашања што ги засегнуваат граѓаните во локалните заедници и отсуството на оригинални и квалитетни содржини придонесува за недоволен пристап на најмалите јазични и други локални заедници до медиумите и медиумските содржини. Оваа состојба трае со години и за да се надмине неопходно е да се востанови посебен Фонд за поттикнување на плурализмот и разновидноста на медиумски содржини и професионалното и квалитетно новинарство.

WhatsApp Image 2023 10 26 at 2.43.26 PM 1

Ова беше еден од главните заклучоци на Работилницата одржана на 12-13 октомври 2023 година, на која учесниците дискутираа за клучните цели што треба да се постигнат со медиумските реформи во земјава. Работилницата беше завршен настан на втората фаза од Проектот “ЕУ за слободата на изразување: усогласување на националното законодавство за медиуми со правото на ЕУ и европските медиумски стандарди”. Институтот РЕСИС е една од клучните медиумски организации која учествува во тековниот процес на медиумски реформи.

Целото Резиме со заклучоци од Работилницата можете да го најдете ТУКА.

ПОДДРШКА НА НВО
Повеќе
ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПУБЛИКАЦИИ
Повеќе