Институтот РЕСИС заедно со Фондацијата за демократија Вестминстер (ВФД) продолжуваат со спроведувањето на Комуникациската стратегија 2020 - 2023 на Државниот завод за ревизија, чија основна цел е да ја поткрепи Стратегијата за развој на ДЗР2018 – 2022 за да се отворат каналите на комуникација кон општата јавност, медиумите и граѓанските организации и да се засили влијанието на ревизорските извештаи врз транспарентноста и отчетноста на државните институции.
Мрежата од совети на публики е формирана за да им овозможи на граѓанските организации да дејствуваат на консолидиран и координиран начин со цел да ги унапредат комуникациските права на ранливите групи во медиумската сфера, да им обезбеди пристап до процесите на креирање на медиумските политики и да гарантира нивна соодветна застапеност во медиумските содржини.
Формирањето на Мрежата беше иницирано и стратешки структурирано од Институтот РЕСИС на почетокот на оваа година, по долготрајниот истражувачки процес кој ги дефинираше проблемите и ги лоцираше комуникациските потреби на ранливите групи во Северна Македонија.
На 22-ри јуни 2021 година РЕСИС ја одржа шестата работилница на која се дискутираше за правата на ранливите групи во јавната сферасо претставниците на граѓански организации од Скопје и од Вардарскиот регион. Главната тема на работилницата беше како да се подобри пристапот и видливоста на сите ранливи категории граѓани во програмските содржини на јавниот сервис и на приватните медиуми. Од работилницата произлезе иницијатива за организирање заедничка дебата на граѓанските органзации, претставници на медиумите, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски усуги, Советот за етика во медиумите и Советот на честа при Здружението на новинарите.
На 15-ти јуни 2021 година, се одржа петтата работилница на тема: „Правата на ранливите групи во медиумската област“ со граѓанските организации од Полошкиот и Југозападниот регион. На работилницата се разви дискусија за работата на онлајн медиумите и говорот на омраза против ранливите групи на социјалните медиуми и порталите. Онлајн медиумите не се регулирани со закон, туку со со саморегулаторни акти, а содржината на социјалните мрежи не е предмет на регулација. Затоа, мошне важно е граѓанските организации да се самоорганизираат и заеднички да ги следат и реагираат на содржините објавени на социјалните мрежи.
На четвртата работилница за „Правата на ранливите групи во јавната сфера“ одржана на 1 јуни 2021 година, со претставници на граѓанските организации од Пелагонискиот регион, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Советот за етика во медиумите се дебатираше за пристапот на ранливите групи до медиумите, за потребата од соработка на граѓанските организации со новинарите, но и за тоа дека приватните медиуми треба да покажат поголем интерес и одговорност во подигнувањето на свеста за правата на ранливите групи.
На 20-ти мај 2021 година беше одржана третата работилница организирана од Институтот РЕСИС со поддршка на Програмата Цивика Мобилитас, на која претставниците на ГО кои ги застапуваат ранливите категории граѓани од Југоисточниот регион разговараа за правата на ранливите групи во медиумската област. На работилницата учествуваа и претставници од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Сашо Богдановски) и Советот за етика во медиумите (Мирче Адамчевски).
Колку и како се претставени ранливите групи во локалните и националните медиуми, беше главна тема на дискусијата меѓу претставниците на граѓанските организации од Североисточниот регион на работилницата организирана на 27-ми април 2021 година, со поддршка на Програмата Цивика Мобилитас. Претставниците на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Емилија Петреска Камењарова) и на Советот за етика во медиумите (Мирче Адамчевски) на почетокот говореа за надлежностите и работата на овие тела и можностите за поврзување со локалните граѓански организации.
Кои се комуникациските права на ранливите групи во јавната сфера? Со кои проблеми се соочуваат ранливите групи при остварувањето на нивните права? Како можат тие права да се унапредат низ умрежување и заеднички активности на граѓанските организации и како во тоа можат да помогнат Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми и Советот за етика во медиумите? Ова беа прашањата за кои, на онлајн работилницата одржана на 30 март 2021 година, разговараа неколку граѓански организации од Источниот регион со претставниците на регулаторното и саморегулаторното тело.
Во текот на Октомври и Ноември 2020 г., Институтот РЕСИС му даде методолошка поддршка на Европскиот Центар за Непрофитно Право - ECNL во проценката и споредувањето на состојбите на граѓанските организации во земјите од Источното партнерство.
Институтот РЕСИС покрена иницијатива за унапредување на стандардите во истражувањата на медиумска писменост во нашата земја. На Мрежата за медиумска писменост, РЕСИС и предложи Насоки за етика во истражувањата на медиумската писменост, што членките на Мрежата ги усвоија во ноември 2020 година по спроведената јавна консултација.