На 4 јуни 2025 година, во просториите на Europe House – Битола, се одржа воведната работилница на проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман: Трансформирање на општествените барања во општествени акции“, кој го спроведува Институтот РЕСИС, со поддршка од Европската Унија.
Авторки: Весна Коловска и Билјана Георгиевска
„Се подготвував за емисијата кога заѕвони мобилниот. Позната докторка, политички ангажирана, самоуверено ми рече: ‘Слушнав дека вечер имаш емисија за здравството, ќе дојдам и јас!’ Додека размислував од каде дознала и кој ѝ го дал мојот број, линијата беше прекината.“
Веднаш ми стана јасно дека зад ова „самоиницијативно гостување“ стоеше менаџерот на телевизијата, бидејќи редовно влијаеше врз изборот на гостите, некогаш и врз темите, сакајќи да ги претвори дебатните емисии во спектакли.
Автор: Гоце Трпковски
„Секако! Еве малку изменета верзија на текстот, со задржана смисла и стил“. „Дали сакате да ја прилагодам веста за одреден формат“?
На македонските медиуми, во последниве две-три години им се случува да ги почнат или да ги завршат своите текстови со реченици како овие. Ова не се инциденти што може да се најдат само во онлајн-медиумите со човек-редакции. И телевизија со национална покриеност заврши текст на својот веб-сајт со ваква реченица.
Автор: Гоце Трпковски*
Од трагедијата во Кочани известуваа мал број редакции, а информациите доаѓаа главно од профили на Фејсбук, вели Слободанка Јовановска, уредничка на „Независен весник“, потсетувајќи се на пожарот во кабарето „Пулс“ на 16 март. Додека медиумите се будеа тоа неделно утро, информациите, фотографиите и видеата од кобниот настан веќе беа стигнати до најголемиот дел од јавноста.
Автор: Александар Манасиев
Со речиси две милијарди корисници ширум светот, Тик-ток одамна ја надмина сликата на платформа на која доминираат предизвиците за танц, неумесни шеги и мимови. Денес, Тик-ток е многу повеќе од платформа за забава и стана моќен канал за споделување информации, отворајќи нови можности за медиумски раст и поврзување со широка, претежно млада публика.
Иако постои „само“ околу осум години, Тик-ток долго време не беше природна територија што треба да ја освојат традиционалните, а ни повеќето онлајн-медиуми. Малкумина се дрзнаа да експериментираат на оваа платформа за која речиси сите тврдеа дека е несериозна.
Автор: Александар Манасиев
Обработува и анализира огромни количества податоци, со брзина што новинарите не можат да ја достигнат, идентификува трендови и модели, пишува текстови за неколку секунди и креира визуелна содржина, која тешко се разликува од снимките направени од реални настани. Вештачката интелигенција веќе длабоко навлезе во светот на медиумите, станувајќи невидлив член на редакцијата.
Автор: Орце Костов
Во Македонија постојат општини во кои нема ниту еден локален медиум, ниту, пак, новинар, а граѓаните се гладни за точни информации. Во недостиг од вести за локалната заедница, тие мора да се информираат од социјалните мрежи, а таму, во морето информации, има премногу дезинформации.
Мисија сочинета од претставници на Меѓународната федерација на новинари, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Институтот РЕСИС во текот на три дена низ средби со институции релевантни за медиумските реформи, како и со редакции собираат податоци и информации за условите во кои работат новинарите и медиумските работници во Македонија.
Онлајн медиумите и новинарите од локалните средини може да се соочат со затворање и низа други проблеми доколку предлог-измените на Законот за медиуми кои се во собраниска процедура поминат во сегашната форма. Ова е заклучокот од панел-дискусијата „Измените на Законот за медиуми и локалните медиуми“, што на 27 март 2025 г. се одржа во Скопје, во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Институтот РЕСИС, во рамки на проектот „Работнички права за независно новинарство“, поддржан од Европската Унија.
Пишува: Д-Р СНЕЖАНА ТРПЕВСКА, Институт РЕСИС
Со пакетот регулативи на Европската унија кои влегоа во сила во 2023 и 2024 година, за онлајн платформите кои имаат голем број корисници, се воведоа мошне строги правила со цел да се заштитат корисниците и општеството во целина од бројните негативни последици. Едно од прашањата за особена загриженост е можноста за ширење дезинформации, мисинформации и други видови манипулативни и штетни содржини преку големите социјални мрежи.