ВЕСТИ И НАСТАНИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Скопје, 16 септември 2024 година

Во рамки на проектот „Работнички права за независно новинарство“, ССНМ и Институтот РЕСИС работат на дизајнирање на Механизам за мониторинг на почитувањето на работничките права на новинарите и медиумските работници. Во фазата на подготовка на Механизмот за мониторинг, превидено е да се ангажира експерт кој ќе му помогне на  проектниот тим да дизајнира детална процедура за систематско следење на почитувањето на работничките права на новинарите и медиумските работници и регистрирањето на прекршувањата на овие права во посебна база на податоци.

 povik RESIS mk

Концептуалната рамка за Механизмот на мониторинг треба да се изработи од експерт кој има знаење во областа на методологијата на општествените истражувања, како и искуство во изработка на слични методологии за мониторинг во областа на медиумите и новинарството.

Заинтересираните експерти во својата понуда треба да ги достават следниве документи:

  • Финансиска понуда (пополнет Анекс III од овој повик)
  • Биографија
  • Потпишана Декларација (пополнет Анекс II од овој повик)
  • Копија од документот за државјанство

Понудата треба да се достави во електронски формат на следната мејл-адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или во оригинална хартиена форма во просториите на Институтот РЕСИС на ул.Орце Николов бр.122/1, 1000 Скопје, најдоцна до понеделник 27 септември 2024, 24:00h.

Сите документи поврзани со овој повик можат да се симнат на следниот линк:

ПОДДРШКА НА НВО
Повеќе
ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПУБЛИКАЦИИ
Повеќе