Во функција на подготовките за почетокот на редовното функционирање на платформата Локал Актив Пелагонија, Институтот за истражување на општествениот развој РЕСИС организираше обука за застапување наменета за граѓанските активисти и новинарите од Пелагониски плански регион.
Заедно со обучувачот Герман Филков, кој има големо искуство во застапувачките активности како член на една од најактивните македонски граѓански организации, Центар за граѓански активизам, околу дваесетина претставници на граѓански здруженија од Битола, Прилеп, Крушево, Кривогаштани и Ресен споделуваа свои искуства и се запознаа со нови вештини за спроведување на застапувачки активности кои ќе доведат до решавање на проблемите со кои се соочуваат нивните целни групи.
Учесниците на обуката можеа да стекнат нови знаења за неопходните чекори во создавањето планови и стратегии за застапување, техниките и тактиките на застапување како и улогата на медиумите во целиот процес. Заедно со неколку новинари кои беа присутни на обуката се подготвија и неколку скици за потенцијални застапувачки циклуси кои би можеле да се спроведат во наредните месеци, како дел од проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман“, поддржан од Европската Унија, а спроведуван од Институтот РЕСИС.

