ВЕСТИ И НАСТАНИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

На 19 ноември 2025 година, во рамки на проектот „Поттикнување на граѓанскиот ангажман во локалното владеење – Локал Актив“, поддржан од НЕД и спроведуван од Институтот РЕСИС во партнерство со локалните граѓански организации, се одржаа две консултативни средби со граѓаните во Велес и Свети Николе.

Covers LA 7

Средбите се дел од пошироката серија теренски активности што Институтот РЕСИС ги реализира во повеќе општини низ земјата со цел да ги чуе гласовите на граѓаните, да ги идентификува локалните предизвици и да помогне тие да се формулираат како јасни општествени барања упатени кон институциите.

Преку ваквите средби, медиумот на заедницата Локал Актив овозможува директен дијалог со жителите, локалните иницијативи и независните новинари во регионот. На состаноците во Велес и Свети Николе граѓаните споделија низа конкретни проблеми со кои се соочуваат нивните заедници: од прашања поврзани со инфраструктурата, јавните простори, атмосферската канализација и управувањето со отпад, до недостигот на функционални услуги, недоволна транспарентност, присуство на бездомни кучиња, како и потребата од подобри решенија за стерилизација, чипирање и поголема одговорност на сопствениците на домашни миленици.

Собраните сознанија ќе бидат дополнително обработени и презентирани пред редакцијата на Локал Актив Вардар, составена од локални новинари и граѓански активисти, со цел овие теми да се преточат во истражувачки и аналитички приказни што ќе ја засилат видливоста на проблемите и ќе поттикнат институционални решенија.

Медиумот Локал Актив има за цел да го зајакне граѓанскиот ангажман и учеството во локалното владеење, да поттикне новинарско-граѓански сојузи за застапување на локални проблеми, како и да придонесе кон медиумски плурализам и развивање на комуникациските права на ранливите групи.

Овие средби се дел од поширокиот циклус консултации што ќе продолжат да се реализираат во Источниот, Југоисточниот и Вардарскиот регион до март 2026 година.

ПОДДРШКА НА НВО
Повеќе
ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПУБЛИКАЦИИ
Повеќе