ВЕСТИ И НАСТАНИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Претставници од Државниот завод за ревизија (ДЗР) и од Јавното обвинителство на 5 ноември 2021 година одржаа работна средба на која разговараа како да се премостат јазовите во комуникацијата помеѓу овие институции и да се постават нови, цврсти темели во нивната соработка преку спроведувањето на новата Комуникациска стратегија што ја изработи Институтот РЕСИС во рамки на проектот „Поддршка за имплементација на Комуникациската стратегија на ДЗР 2018-2022“, поддржан од Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД).  

DZR i Javno obvinitelstvo

На работната средба Институтот РЕСИС го претстави нацрт-протоколот за комуникација помеѓу двете институции чија цел е да се надминат препреките во досегашната комуникација и да се постигне подобра и поефективна соработка меѓу ДЗР и Јавното обвинителство и доследно остварување на законските надлежности на овие две институции. На состанокот беа номинирани две лица од институциите кои ќе бидат одговорни за остварување на комуникацијата, беше прифатено организирање на настани и работилници заради размена на знаења, а беше нагласена и потребата од дефинирање на формат во кој ќе бидат посочени наодите и утврдени состојбите од ревизорските извештаи по кои ќе треба да постапува јавното обвинителство. На состанокот беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу двете институции.

Комуникациската стратегија на ДЗР 2020-2023, која е изработена од Институтот РЕСИС, со поддршка на ВФД има за цел да ги подобри каналите на комуникација на ДЗР со другите институции за да се постигне поголема транспарентност и подобро комуницирање меѓу ДЗР и другите надлежни институции со кои ДЗР е обврзан да соработува.

ПОДДРШКА НА НВО
Повеќе
ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПУБЛИКАЦИИ
Повеќе