РЕСИС
Инфо Системски пречки што ги блокираат реформите во медиумскиот сектор - анализа на РЕСИС
РЕСИС објави нова анализа во која се детектираат сè уште присутните структурни пречки за развој на слободата на медиумите во Северна Македонија: пазарот е фрагментиран, повеќето медиуми се финансиски слаби и неодржливи, работниот статус на новинарите е сè уште несигурен и нестабилен, јавниот радиодифузер нема финансиска стабилност, автономија и независност, а пристапот на локалните заедници и ранливите групи до јавната сфера е загрозен. Дополнително, бидејќи социјалните мрежи се главен извор на информации за поголемиот дел од населението, особено за помладите, луѓето се во голема мера изложени на дезинформации и говор на омраза.
Повеќе
Инфо РЕСИС и ВФД ја зацврстуваат соработката помеѓу ДЗР и Јавното обвинителство
Претставници од ДЗР и од Јавното обвинителство на 5 ноември 2021 година одржаа работна средба на која разговараа како да се премостат јазовите во комуникацијата помеѓу овие институции и да се постават нови, цврсти темели во нивната соработка преку спроведувањето на новата Комуникациска стратегија што ја изработи Институтот РЕСИС во рамки на проектот „Поддршка за имплементација на Комуникациската стратегија на ДЗР 2018-2022“, поддржан од ВФД.
Повеќе
Инфо РЕСИС за ММП го изготви Прирачникот за родители
Институтот РЕСИС како членка и соработник на Мрежата за Медиумска Писменост го сработи Прирачникот за родители за медиумската писменост како корисна алатка за родителите во обидот да се заштитат најмладите од дезинформации, гласини или манипулативни содржини. Во Прирачникот особен осврт се дава на користењето на новите медиуми и содржините со кои се сретнуваат децата преку нив.
Повеќе
Инфо Мрежата од совети на публики на Денот на граѓанските организации
Акциското истражување на Институтот РЕСИС за формирање Мрежа од Совети на Публики беше презентирано на овогодинешниот настан организиран од Програмата Цивика Мобилитас на кој се славеа „30 години граѓански ангажман“. Презентирани беа Проценката на ранливите групи во јавната сфера и Насоките за стратегиско вмрежување и комуникација кои беа сработени во првите две фази од истражувањето.
Повеќе

Соочени со општото чувство на политичка индиферентност на граѓанството, намаленото ниво на доверба во политичките претставници и засилената перцепција дека постои некомпетентност кај претставничките институции, дури и парламентите на етаблираните демократии, последнава деценија, мораа да посветат повеќе внимание на зајакнувањето и промоцијата на вредностите на парламентарната демократија и подигнувањето на свеста на општата јавност за стожерните функции на парламентите.

Воспоставените практики и протоколи преку кои парламентарните процеси на јасен и сеопфатен начин ќе бидат пренесени до општата јавност и протоколите, преку кои различните јавности ќе можат да партиципираат во демократските процеси, се од клучна важност за оваа мисија.

Затоа, експерти на РЕСИС во рамките на проектот „Поддршка на македонската парламентарна реформа“ – организиран од Фондацијата за демократија на Вестминстер, а финансиран од Владата на Обединетото Кралство ја спроведе Процената на комуникациските процеси и практики за јавно информирање на Собранието на Република Македонија.

Целта на Процената е да се утврди дали и како функционираат воспоставените системи за јавно информирање и партиципативност на општата јавност во оваа клучна демократска институција. Анализата е направена на две нивоа:

  • Прво, на оперативно ниво, таа ги идентификува „тесните грла“ во постојната организација на комуникациските циклуси насочени кон општата јавност и медиумите; и
  • Второ, на структурно и стратегиско ниво, ги идентификува елементите што ја спречуваат системската модернизација на комуникациските процеси на институцијата.

Целосната анализа е интерен документ на Собранието на РМ. Овде можете да го преземете РЕЗИМЕТО.

ПОДДРШКА

НВО Повеќе
ИНСТИТУЦИИ Повеќе

ИСТРАЖУВАЊА

ПРОЕКТИ Повеќе
ПУБЛИКАЦИИ Повеќе

Мисија

РЕСИС е мултидисциплинарна истражувачка организација, чија основна цел е да го унапредува теоретското и практичното знаење за проблемите на општествената промена и анализа на јавните политики.
Повеќе

Партнери на РЕСИС

РЕСИС воспоставува стратегиски врски и партнерства со невладини организации, високообразовни институции и истражувачки институти.
Повеќе

Контакт

Институт за истражување на општествениот развој РЕСИС Скопје

Христо Смирненски бр. 25 - 33 1000 Скопје

e-mail: office@resis.mk